Прегазено дете зад училиштето во Карпош 4


Попладнево околу 16 часот во улицата зад Основното училиште Петар Поп Арсов во скопската населба Карпош 4 е прегазено дете.

Момчето на возраст од 13 години со видливи повреди на главата и телото е префрлено со Брза помош во болница.

Во него удрил возач со црвен „101“ кој во еднонасочната улица возел во спротивен правец од пропишаниот.

Местото на несреќата во моментов го обезбедуват полицајци во исчекување на друга полициска екипа која ќе изврши увид.

На местото е задржан и возачот кој, дознаваме не го напуштил местото по сударот со малиот велосипедист.

Повеќе детали ќе соопшти полицијата по завршувањето на увидот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1