Државната изборна комисија прифати 2 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за текот на гласањето во општина Струга. Станува збор за избирачки места во кои вкупно има нешто помалку од 2700 гласачи, информира репортерот на Press24 од терен.
Според законот, за да има прегласување во спорните избирачки места за кои се прифатени приговорите, вкупниот број на избирачи треба да ја надмине бројката од околу 5000 колку што е разликата меѓу кандидатот на ДПА, Зијадин Села и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Кочовски.
Претходно, Државната изборна комисија, одби два приговори. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заднички гласаа за прифаќање на приговорите што предизвика револт кај членовите на ДИК од албанскиот политчки блок, а Бедредин Ибраими од ДПА, се закани дека како и во првиот круг ќе ја напушти седницата.
Реагираше и Субхи Јакупи од ДУИ.
„Јас ќе излезам, а вие продолжете да си гласате сами. Вие мислите дека сте патриоти. Не сте вие патриоти. Не е добро што гласате така ни за вас, ни за ДИК, ни за државата. Вие се повикувате на државата, но јас се повикувам повеќе на државата. Патриот е тој што работи за својата земја, за својот народ, за своите граѓани и за своите деца. Тогаш ѝ помагаме на државата. Вака вие како што сакате да ја терате, тогаш вие не сте патриоти“ – нервозно реагираше Јакупи.
На одлуките на ДИК партиите имаат можност да поднесат тужба до Управниот Суд. Неговата одлука се смета за кончена.
Извор – Прес 24
ДИК УСВОИ 4 ПРИГОВОРИ ЗА СТРУГА – БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА (ВИДЕО)