Во Општата болница во Гевгелија се прегледани неколкумина припадници на безбедносните сили. Сите се со полесни повреди и вон животна опасност.
Еден од примените униформирани лица добил удар со камен во шлемот и неговата состојба се опсервира, но засега нема знаци на посериозни последици или контузии, а исто така и еден припадник на безбедносните сили е повреден во надколеницата.
Останатите лица се со полесни повреди на отворените делови од телото во пределот на екстремитетите и без знаци за било каква сериозна опасност.
Со цел подготвеност и навремено реагирање на здравствениот систем, поставено е уште едно возило на Итна Медицинска Помош во пунктот во Гевгелија, а дополнители екипи од Здравствен дом Кавадарци, Велес, Скопје и другите Здравствени домови на ротациска основа ќе бидат дежурни во Центарот за итна помош во Гевгелија.