Властите во Индонезија вчера ставија крај на потрагата по жртви од авионската несреќа на „Ер Азија“, која се случи на 28 декември 2014 година, а чиј авион се урна во Јаванско Море со 162 патника и членови на екипажот, од кои 56 не беа пронајдени.
– Потрагата целосно завршува. Четирите брода, со кои се вршеше потрагата, се враќаат во Џакарта, изјави координаторот на операцијата.
Во акцијата беа пронајдени 106 тела на патниците во авионот.
– Ние и роднините на жртвите сме едногласни дека потрагата по телата не може да трае бесконечно, изјави сопственикот на авиокомпанијата Тони Фернандес.
Бродови и авиони од неколку држави им помогнаа на индонезиските војници во напорите за пронаоѓање на останки од жртвите и остатоци од леталото.