Прекината работата на нуклеарката Кршко поради силниот земјотрес во Хрватска


Поради силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска, а беше почувствуван и во Словенија, превентивно е прекината работата на нуклеарната централа Кршко.

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала го погоди денеска во 12:20 часот централниот дел на Хрватска, односно подрачјето околу градот Петриња, но го потресе и остатокот од земјата.

Нуклеарката Кршко прекина со работа според вообичаената постапка во случај на посилни природни несреќи. Таа е градена да биде отпорна на многу посилни потреси од оние кои досега се забележани во Словенија или Хрватска. Нејзината конструкција го издржа ударот од 7,9 степени, колку што беше јачината на најкатастрофалниот потрес на подрачјето на денешна Словенија во 1511 година. Уште еден силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени се случи во 1917 година во близина на Кршко, кај Брежице.

Безбедноста на Кршко е дополнително зајакната по несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година, а во случај евентуален потрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1