Прекрасната Маја Сашек ќе се мажи


Една од најубавите манекенки Маја Сашек ќе застане на лудиот камен. Нејзиното момче со кое е подолго време, познатиот фотограф Дејан Пановски и предложил брак додека биле на патување во Италија, пишува Република.maja-sasek500

Македонската манекенка десетина години живеше и работеше низ светските модни метрополи како Милано, Њујорк и Дубаи. Сепак секогаш имаше причина да се враќа дома – причината се викаше Пановски, кој е нејзина најголема поддршка.

– Има многу случаи кои ја прекинале својата кариера поради љубовта кон партнерот, но доколку некој ве натера да го направите тоа, тогаш тоа во никој случај не е вистинска љубов, изјави Маја Сашек пред една година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1