На Фејсбук страницата за размена на информации и дружење “Spotted Sarajevo” осамна шокантен статус.
Всушност, една девојка преку оваа страница го бара момчето со кого таа тврди дека останала бремена и родила вонбрачно дете.
„Јас само сакам да го поздравам Кемал Х. и да му кажам дека не е фер што се крие од мене и што ги променил броевите. Сакам да му кажам дека му родив ќерка и дека не жалам поради тоа, а тоа што тој вели дека било само летна шема, тоа не е во ред“, напишала девојката во својот статус.
Таа вели дека го запознала Кемал на езерото Борац, додека биле како извидници.
– „Би сакала ова да го објавите анонимно. Ви благодарам!“
Статусот на оваа девојка предизвика многубројни коментари на оваа страница.