Фејсбук покрена можност за проверка на безбедноста на жителите во загрозените делови на Париз, откако корисниците на Твитер ги повикаа граѓаните да пружат засолниште секому во неволја, користејќи го хаштагот „PorteOuverte“ (Отворена врата).
Фејсбук ја активирал опцијата „чек-ин“ за жителите на Париз, па корисниците во француската престолнина испраќаат известувања преку Фејсбук на мобилните телефони за да контактираат со пријателите и семејството дали се безбедни после терористичките напади и нудат проверка на кој и да е од нивните пријатели во загрозените области на градот, со можност за известување „безбедни“.