Премиерката Брнабиќ прва во Србија ја прими вакцината против коронавирус


Српската премиерка Ана Брнабиќ утрово во 10 часот, прва во Србија ја прими вакцината на „Фејзер“ против коронавирусот. По неа, се вакцинираше и докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, актуелна министерка за труд и социјални работи.

По исполнувањето на условите, земањето анамнеза и пополнување на образец, мерењето на температура, премиерката ја доби својата прва доза од вакцината. По неа, на „жешкото столче“ седна членката на Кризниот штаб и министерка Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

По нив, вакцината ја прими и членот на Кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон.

За време на гостување во Српската радиотелевизија, Кисиќ Тепавчевиќ рече дека е горда што Србија успеала да ја набави вакцината меѓу првите земји во светот.

„Вакцината е веќе во нашата земја, тоа е одлична вест. Тоа е нешто што може да биде светло на крајот од тунелот на оваа долга епидемија”, истакна таа.

Говорејќи за почетокот на вакцинацијата во геронтолошките центри, што треба да започне денеска во Белград и Нови Сад, а утре во Ниш, таа рече дека одлуката не е донесена ад хок.

Кисиќ – Тепавчевиќ потенцираше дека лекарите се обучени и дека се подготвени да ги вакцинираат граѓаните со вакцина која, како што изјави, се покажала како безбедна и не предизвикува сериозни негативни реакции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1