Премиерот го осуди нападот врз Сара: Го осудувам дивјаштвото кое се случи


Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и порача дека институциите ќе направат сè што е во нивна надлежност случајот да биде целосно расчистен, а сторителот да одговара пред законот.

,, Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците кои што ги имавме денес, за борбата која што ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел.

Но, за жал до мене стигна ужасната вест која што ги потресе Охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка.

Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое што се случува.

А, воедно како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека се ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата лицето кое што го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.,,

https://www.facebook.com/share/v/1DcG823oRh/?mibextid=wwXIfr

https://www.facebook.com/share/v/1DcG823oRh/?mibextid=wwXIfr

Охридското обвинителство поднесе обвинение против насилникот, 31- годишниот Кристијан Корабоски, кој ја претепа својата партнерка, 26-годишната Сара Ѓорѓиеска во Охрид. Обвинителството побара на обвинетиот да му се изрече мерка притвор, откако претходно му беа изречени само мерки на претпазливост.

-Основното јавно обвинителство Охрид ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста, информираа од ОЈО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1