Премиерот Зоран Заев вечерва ќе ги посети повредените од страшната сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај скопското село Ласкарци, а во која животот го загубија 13 лица, а повеќемина се повредени.
Седуммина патница почнале на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница. Повредените што починале во болничките установи биле реанимирани, но неуспешно. Една пациентка е почината во старата градска болница, а петмина во ГОБ „8 Септември“.