Премиерот Заев не гледа судир на интереси што негов советник е и раководител од Кривичниот суд


Нема ништо спорно што раководител во Кривичниот суд во Скопје истовремено е и советник во кабинетот на премиерот. Заев вели дека Горан Стаменковски немал одлучувачка улога во Судот и дека има намера да си замине од оваа институција.Горан Стаменковски раководи со кадровската служба во судот и е еден од 56темина советници ангажирани во кабинетот на Заев. Откако беше објавена листата во медиумите, голем дел од нив ангажманот на Стаменковски го коментираа како судир на извршната и судската власт.

Со многу реакции помина и ангaжаманот на Командант Хоџа. Човекот кој беше дел од раководството на ОНА сега го советува премиерот за безбедносни прашања и борба против радикализам. Тоа според опозициската ВМРО-ДПМНЕ може да ја наруши безбедносната состојба во државата, па од партијата бараат неговиот договор веднаш да биде раскинат

За ангажманот на Хоџа вчера загриженост изрази и американската амбасада во Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање од амбасадата велат дека се загрижени што во кабинетот на премиерот се ангажираат лица кои се на црната листа на САД. На неа, покрај Хоџа се наоѓа и Љубе Бошковски кој исто така е еден од 56те советници на Заев.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1