Македонскиот премиер Зоран Заев го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“.
Заев на викенд одмор таму е отиден со сопругата, во придружба на еден од вицепремиерите кој исто така е со сопругата.
Според грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија.
Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.
Фото: thessnews.gr