Премногу кафе ги загрозува јајниците


Секојдневното внесување на големи количини на кафе може да го зголеми ризикот од карцином на јајниците, кај жените во менопауза, предупредуваат британски експерти. На основа на истражувањето на кое биле опфатени 29,000 жени, истражувачите востановиле дека жените кои дневно пијат по пет филџани кафе, имаат 81% поголем ризик за појава на карцином на јајниците, во споредба со жените кои воопшто не го пијат овој ароматичен напиток. 

kafeНаучниците биле изненадени од сознанието дека ризикот од карцином на јајниците истовремено може да се добие и од кафињата со кофеин и без кофеин, што ги навело на заклучок дека и другите состојки, а не само кофеинот, го зголемуваат ризикот од заболување.
Од друга страна, првото утринско кафе, кое повеќемината не го прескокнуваат, не расонува, ниту пак влијае на брзината на движечките рефлекси, покажала студијата направена на Универзитетот во Бристол.

Кофеинот само ги ублажува симптомите на апстинација, кои се создаваат во текот на ноќта, а будењето се одвива физиолошки, без никакво влијание на кафето. Кафето извесно влијание, има кај оние кои повремено го пијат.
Кога љубителите на кафето велат дека се чуствуваат целосно будни и енергични за секој вид на работа, по испиен филџан кафе, тоа значи дека се чуствуваат подобро само затоа што ги смириле симптомите на апстинација, кои се собирале преку ноќта, затоа што не внеле кофеин, тврдат британските експерти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1