Повеќе од 100 прислушувани телефонски разговори беа презентирани во Кривичниот суд на главната расправа за „Титаник“.
Во така наречените „бомби“ доминираа гласовите на поранешниот шеф на кабинетот на екс премиерот Груевски, Мартин Протуѓер, екс министрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, како и на Зоран Ставревски.
Во разговорите се слуша како се договараат– кој се да се најде на пратеничките листи и од другите градови. Колку домови се посетени во САД, Канада и во Европските држави, колку реклами имале – се дел од одговорите кои Протуѓер ги очекувал од Јанакиески од дијаспората, а му посочува и да ги притискува. Јанкуловска со Протуѓер дискутира и за новинарската сторија за аферата „Списоци“, како известувале поединечно медиумите и бараа елементи за тужби
Адвокатите приговараа со аргументи дека разговорите не се за делата кои им се ставаат на товар на обвинетите, судот со одговор – прифатени се како доказ од повисокиот суд.
Во понеделник треба да продолжи судскиот процес кој го води Специјалното јавно обвинителство, кодиран „Титаник“. И од понеделник треба да бидат презентирани така наречените „бомби“, а поранешните владини функционери Груевски, Јанкуловска, Јакимовски, меѓу кои и Протуѓер, од обвинителна клупа повторно ќе ги слушаат нивните гласови.