Престрелка во Шутка, повреден синот на Амди Бајрам – Син ми е удрен со секира и со шипка по глава


Градоначалникот на општината Шуто Орузари, кој е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, е претепан со метални шипки и со тешки повреди и во безсознание е однесен во болница.

foto Alsat m

Пратеникот Амди Бајрам во кругот на Градската болница „8 Септември“ видно вознемирен чекаше да дознае од лекарите за здравствената состојба на неговиот син Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на скопската општина Шуто Оризари. 

– Син ми качија на одделение. Ме препозна. Тој е тешко повреден откако бил идрен по глава со секира и со шипка – рече Амди Бајрам, пишува Plus Info.mk

Според директорот на ГОБ „„8 Септември“ Христијан Костов, Бајрам е надвор од животна опасност. Tој наведе дека бил удрен со тап предмет по главата во пределот на челото и нагоре, имал рана од осум сантиметри што му била сошиена со шест конци.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1