Пресуди за уште двајца обвинети за насилствата во Собранието на 27. април


За закани кон пратеници Кривичен изрече две нови пресуди. Двајца обвинети за настаните во Собранието од 27 април, кои минатиот четврток признале вина заработија затворски казни.

На Васко Цунгаровски, син на поранешна судијка од граѓанскиот суд, изречена му е казна затвор од 15 месеци. Цунгаровски се товари за насилство и закани упатени кон премиерот Зоран Заев.

Обвинетиот Димитар Поповски пак е осуден на условна затворска казна од 2 години, која нема да се активира доколу во следните 5 години не го повтори делото. Според обвинението, Поповски на 27 април му се заканувал на пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Обвинетиот е препратен и на психијатриско лекување, бидејќи судот со вештачење утврдил дека е со битно намалена пресметливост.

Досега за насилно однесување во Собранието, кривичен изрече вкупно 11 пресуди, од кои 9 условни и две ефективни затворски казни.

По расчистување на настаните, обвинителтво за организиран криминал поднесе обвинение и против 30 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок. Меѓу нив се организаторите на протестите За заедничка Македонија и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1