Веста за смртта на Ивана Бакиќ Бодрожиќ нема да заврши со оскудно соопштение дека „елитна проститутка се предозирала во хотелот Хајат“. Обвинителството побара анализа за тоа како, кога и од што починала оваа млада жена, која беше етикетирана како „лоша девојка“, пишува српски „Блиц“.
Обвинителот побарал од Институтот за судска медицина ВМА, детален извештај за смртта на Ивана, по кој што ќе одлучи дали ќе покренат истрана или не. Самиот факт дека обдукцијата на Ивана е направена на ВМА, а не во Клиничкиот центар зборува за тоа дека овој случај не е едноставен, како што и на самиот почеток соопштила полицијата.
Белградската полиција веднаш по смртта соопштила дека нема да отвара истрага затоа што станува збор за „ненасилна смрт“. Која и дали бил некој со неа во собата, ќе се истражува по барањето на обвинителот.
Меѓутоа, сега дошло до пресврт. Началникот на Институтот за обдукција на ВМА, Ивица Милосавлевиќ потврдил, дека на барање на обвинителот во оваа установа се правело обдукција и токсиколошки анализи.
Тој изјавил дека само обвинителот знае зошто избрал тоа да се прави во ВМА и дека во тоа нема да навлегува. Се надева дека обдукцискиот извештај ќе биде заврешен во наредните десет дена. Обвинителот наложил да се утврди точната причина за смртта, потоа количината на супстанци пронајдени во организмот и нивното потекло. Побарано е да се достави најдетална анализа и поради тоа им е потребно малку повеќе време.