Вчера околу 23,30 часот во Скопје на ул.„Симеон Кавракиров“ пред домот на Г.Н.(48) сопственик на интернет порталот „Репортер“, три маскирани лица без повод и причина физички го нападнале нанесувајќи му повреди во пределот на главата.
Г.Н. е пренесен и задржан во ГОБ„Наум Охридски“, а се преземаат мерки за откривање на сторителите.