Двајца новинари на порталот А1 он беа брутално претепани од петмина пред Собранието на Македонија.
Според очевидец екипата на А1 он била нападната пред Триумфалната капија, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди.
Станува збор за снимателот Владимир Желчевски и за новинарот Александар Тодевски. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар, за прегледи.