Претепаниот Трајковски не дојде на Суд – Тешко зборувал и бил дезориентиран


Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот „ТНТ“ кој завчера од двајца насилници бил претепан додека се шетал, денеска исто како и вчера не се појави на судското рочиште закажано за во девет часот.

Јовица Страшовски, адвокатот на екс-градоначалникот на Гази Баба пред судот изјави дека неговиот клиент Тони Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во тешка состојба каде тешко зборува, дезориентиран е и повраќа, а бил хоспитализиран синоќа по 22 часот.

За потсетување, судијата Огнен Ставрев вчера на рочиштето побара екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кој не се појави во Судот бидејќи е претепан, да биде донесен со полиција на закажаното рочиште.

Трајковски преку својот адвокат го извести судот дека вчера бил претепан по што со тешки повреди завршил во болница, а случајот беше потврден и од МВР.

Со Трајковски бил и поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски кој се огласи вчера:

  • Бидејки се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување. Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата, напиша поранешниот скопски татко.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1