Прети радијација: Слабо магнетно поле на Земјата – се менуваат половите?


Магнетното поле на Земјата, кое ја штити нашата планета од космичка радијација и Сончева бура, почнува да слабее. Најновите научни истражувања велат дека магнетното поле слабее, посебно на северната хемисфера.

sonce poloviНе е познато зошто се случува ова. Една од можните причини би можела да промената на магнетните полови на Земјата. Последната таква промена се случила пред повеќе од 700.000 години.

Слабеењето на магнетното поле на Земјата веројатно започнало пред околу 150 години. Јачината на половите веќе е слаба, а слабеењето забрзало во последните години. За време на процесот на замена на половите, основното магнетно поле слабее речиси до исчезнување, а потоа повторно се појавува, но со обратен поларитет.

Во случај на замена на половите, може да дојде до хаварија на струјните инсталации, оштетување на сателитите, ширење на озонската дупка, појава на поларна светлост на екваторот, дезориентација на птиците преселници, рибите и сите животни кои за својата навигација се потпираат на магнетното поле.

Доколку тоа се случи, ќе влијае на сите живи суштества на Земјата, а со тоа и на луѓето. Кога тоа ќе се случи, компасот ќе покажува на југ, а не на север.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1