Претреси во фирмата поврзана со набавката на софтверот на Драги Рашковски


Обвинителството влезе во Инвока Гроуп, фирмата која го изработила софтверот за сообраќајни прекршоци што го набави екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во разговор за Канал 5 потврди дека се собираат докази но не сакаше да открива повеќе детали со објаснување дека се работи за предистрага. Претреси биле правени и на други локации, потврдија од обвинителството.

-Во рамките на предметот што ОЈО ГОКК го отвори во врска со сообраќајниот софтвер, по наредба на надлежен јавен обвинител денеска од страна на истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК беше извршен претрес во Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн Инвока гроуп ДООЕЛ Скопје и во домот на сопственикот на истата.-ЈОРМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1