Претседателите на овие земји веќе 90 години се возат во Шкода


Во повеќето земји со силна авто-индустрија претседателите и високите државни функционери како службено возило користат возило од домашно производство. Шкода овие денови одбележа 90 години од моделот Хиспано-Суиза, во кој се возел првиот претседател на Чехословачка, Томаш Масарик.skodaznak-540x320

Шкода Хиспано-Суиза е претставена во 1926 година. Овој луксузен автомобил се произведуваше по лиценца на истоимениот шпанско-француски производител, на база на моделот Хиспано-Суиза H6B.

Автомобилот кој го користел првиот чехословачки претседател бил тежок 2,7 тони. Имал посебна патничка кабина во која се возеле функционерите, додека делот за возачот бил одвоен со специјално стакло, а автомобилот возел на погон од 6 цилиндричен 6,7 литарски мотор.

По Втората светска војна, Шкода продолжила да произведува претседателски автомобили. За потребите на претседателот Клемент Готвалдо, а потоа и Антоњин Запотоцки, произведена е луксузна Шкода Вос, возило тешко 4,4 тони и долго 5,7 метри.

Реафирмацијата на Шкода како производител на автомобили за највисоките државни функцинери се случила по падот на комунизмот и прогласувањето на независноста на Чешка. Првиот чешки претседател, Вацлав Хавел, голем вљубеник во автомобилите, лично ја испробал новата генерација на Шкодините возила, почнувајќи од моделите Фелиција, Фабија и Октавија, па до Суперб.

Неговиот наследник Вацлав Клаус, се возел во Шкода Суперб 1 и Шкода Суперб 2, а актуелниот претседател Милош Земан, во летото 2015 година добил Шкода Суперб од третата генерација, која моментално се користи како официјално службено возило.

Овој автомобил од луксузната едиција Laurin & Klement, опремен е со 2.0 TSI бензинец и 280 ks (206 kW) и со погон 4×4.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1