Претседателот Иванов ќе ja тужи ВМРО НП


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов бара јавно извинување од ВМРО-Народна партија до сите бранители, до членовите на семејството на Претседателот кои во 2001 беа на браникот на татковината, и извинување до него лично како граѓанин и како претседател. Во спротивно, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот ВМРО-НП ќе се соочи со тужба за клевета.

ivanov– На лидерот на ВМРО-Народна партија, би му порачале наместо да шири клевети од најнизок вид, да размисли за своите постапки во 2001, за договорите за поделба на државата и размена на население и територии. Не би го повикувале да размисли за своето национално чувство и патриотизам, бидејќи за тоа веќе се има определено. Претседателот на Република Македонија е згрозен од подмолните лаги во т.н. соопштение, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет. Оттаму додаваат дека претседателот Иванов досега никогаш нема реагирано на ваков начин во случај кога имало критика кон него, па дури и лични дисквалификации и лаги, но овој пат, станува збор за нечии синови и татковци, браќа и роднини, за хероите на Република Македонија.

Претходно, од партијата на Љубчо Георгиевски испратија соопштение до медиумите во кое обвинуваат дека доделувањето на ордените на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година кое се случи на Денот на полицијата, било хипокризија на власта, а претседателот Иванов е наречен главен пропагатор за бојкот на одбраната на Македонија кој, наводно, бранителите ги нарекувал крадци и убијци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1