Претседателот Иванов му го врачи мандатот за состав на Влада на Никола Груевски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го доби мандатот за формирање на новата владата од претседателот Ѓорѓе Ивановivanov-gruevski

Согласно Уставот и законите, Груевски сега има рок од 20 дена да обезбеди мнозинство во Собранието и да го состави својот кабинет кој треба да ја води Македонија во наредните 4 години.

Кадровскиот состав на Владата заедно со нејзината програма за работа Груевски треба да му ја достави на Собранието во рок од 20 дена, односно најдоцна до 28 јануари. Пратениците пак имаат рок од 10 дена во кој треба да се состанат и да се изјаснат по предлогот на Груевски.

Доколку 61 пратеник го притисне зеленото копче, Груевски повторно ќе ја добие довербата за да ја води Владата.

На последните избори на 11 декември ВМРО-ДПМНЕ ја запиша десеттата изборна победа по ред, освојувајќи 51 пратеничко место. 49 пратеници седнаа во клупите резервирани за СДСМ. ДУИ има 10 претставници во Собранието, БЕСА 5, Алијансата 3 и ДПА 2 пратенички места.

Согласно досегашната пракса и користењето на максимумот од законските рокови, предлогот на Груевски би можел да се најде на собраниска седница во вторник на 7 февруари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1