Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација, Сеп Блатер поднесе оставка од функцијата, откако ФИФА ја потресе корупцискиот скандал.
– Во најкус рок ќе се одржи вонреден конгрес на кој ќе биде избран нов претседател на ФИФА, посочи Блатер.
Тој во петокот петтипат беше избран за нов четиригодишен мандат.
Минатата среда високи претставници на ФИФА беа уапсени во Цирих под обвинение за вмешаност во корупција. Швајцарските власти истражуваат и на кој начин е доделена организацијата на светските првенства во Русија 2018 и во Катар 2022 година.