Јапонската компанија „Вилком“ го претстави најмалиот мобилен телефон во светот со димензии 32x70x10,7 милиметри и тежина од само 32 грама.
Иако изгледа како играчка карактеристките на најмалиот телефон во светот се изненадувачки.
Станува збор за моделот WX06A, кој е опремен со екран ОЛЕД со големина од само еден инч, кои се карактеристични за часовниците. Најмалиот телефон во светот поради димензиите нема камера.
Батеријата може да издржи до два часа разговори и 300 часа во мирување.
Продажбата се очеква да почне во декември годинава во Јапонаја, а цената се уште не е позната