Превртеното виножито е се почесто – Најава на леденото доба (Видео/Фото)


За да се создадат овие виножита потребни се големи кристали мраз.

Збеснатата атмосфера и нестабилната клима

prevrteno vinozitoИако луѓето во умерените, медитеранските, суптропските и тропските региони на планетата се навикнати да гледааат само нормални лакови на виножитата кои настануваат со рефракција на соларна светлина низ дождовните капки, постојат сѐ повеќе индикации дека во нашата атмосфера се случуваат промени кои над овие области носат феномени кои можат да се видат само во поларните и субполарните региони на планетата.

Минатото лето над Есекс во Велика Британија беше снимено поларно светло со прекрасна пурпурна боја, додека Американците гледале во црвената поларна светлост која се гледаше јужно дури до Арканзас. Оваа година е преполна со чудесни атмосферски и гео-магнетни аномалии.

Речиси пред еден месец, местото Ochre Beach во Канада е уништено од ледено цунами кое за прв пат е снимено со камерите. Ваков настан би се сметал за реткост дури и во зима, а за средината на мај претставува, како што соопштиле научниците, freak of nature или природното чудо. Видеото на настанот можете да го погледнете тука.

Небески насмевки или предзнаци на леденото доба?

Circumzenithal arc – небески насмевки или превртените виножита се формираат во зенитот, кога Сонцето е во близина на хоризонтот и благодарение на големите и стабилни хоризонтално поставени хексагонални (шестострани) кристали од мраз кои настануваат во облаците Cirrus на надморска височина поголема од 5000 метри.

prevrteno vinozito 2Во поларните региони вакви виножита се обично дел од комплициран оптички феномен наречен Кернов лак (виножито). Првиот таков модерен феномен беше снимен во Финска од Marko Mikkila 2007 година, иако бројни посетители го пријавувале Керновиот лак од време на време.

Небесните насмевки полека, но сигурно, во последните триесетина години почнаа да патуваат “на југ”, заедно со уште една интересна новина. Тоа се екстремно ниски облаци undulatusi asperatusi кои дури 2009 година официјално се класифицирани како најнови типови на облаци.

Иако во САД и Канада небесните насмевки можат да се видат главно со parhelion, Велика Британија за нив стана вообичаено наоѓалиште во средината на осумдесеттите години, додека југот на Велика Британија сѐ уште остана вчудоневиден со ваквите појави, особено поради фактот дека ваквите феномени се најчесто скриени со облаците од долниот дел на атмосферата.

Откако пред неколку дена во близина на Бања Лука и Ѓаково снимија превртени виножита, со право се прашуваме колку од нашата моментална облачност е формирано од стабилни и големи ледени кристали и како такво нешто е можно на крајот од календарската пролет во северната хемисфера?, пишува matrixworld

82Кога 2010 година ИОП (Institute Phisics Academic & Science) објави истражување кое ги разжести климатските фундаменталисти и поддржувачи на неповратното глобално затоплување, во кое се наведува дека сѐ потоплите лета предизвикуваат постудени и постудени зими, како што и топењето на глечерите условува промени во соленоста на океанот кој за возврат ги успорува најважните морски струи кои ја регулираат стабилноста на климата на планетата, особено во северната хемисфера, а повеќето од медиумите ја премолчуваат оваа вест, бидејќи никој не сака вистината конечно да се дознае.

Термичките кола се склоп на сите најголеми “kurenati” или морските и океанските струи. Благодарение на една од нив – мексиканската струја – Северна Европа ужива топли лета и благи зими. Нејзиното влијание се чувствува сè до Исланд, а Медитеранот (благодарение на истата) има значајни количини на врнежи што директно, што индиректно.

За кратко време по истурањето на суровата нафта од Deep Horizon оваа океанска струја беше речиси исчезнала, иако со текот на годините релативно се обнови. По излевањето на милиони галони нафтени дисперзанти повторно е забавена. Со оглед на тоа дека нафатата сѐ уште протекува од Deep Horizon , се чини дека ова е една од причините за климатската дестабилизација.

На сите оние кои се сеќаваат на статиите за ефектите на El Nino (Ел Нињо) и La Nina (Ла Нина) во текот на 80-тите години на дваесеттиот век, кои значително ги загревале областите на Екваторијалниот Пацифик, би требало да им биде јасно дека нашите мориња и океани се подложни на промени кои сигурно ќе имаат влијание врз климата на планетата.

225-660x440Од друга страна, морињата кои никогаш не се заледувале, станаа места каде што рапидно расте необичен морски мраз кој убива сè што ќе се најде на нивниот пат. Сликава вреди илјада зборови.

Но, тоа не е сè. НАСА на почетокот на 2012 година пишуваше за еден необичен десетгодишен феномен, бавен, но сѐ поочигледен. Тоа е спуштање на облаците кон почвата. Освен што облаците сè повеќе и повеќе се множат, тие се сѐ поблиску до планетата, што пак значи дека облаците кои се пониски во атмосферата можат да влијаат на ефикасно ладење на Земјата. НАСА во совршен прозвук со алармантистите на глобалното затоплување објави дека таквите облаци “можат да помогнат во поефикасно ладење на Земјата. “Ако ја прочитаме оваа информација без пропаганда, би рекле дека оваа позната вселенска агенција на сите можни начини не сака да признае колку ги искривува информациите и колку е веќе евидентно дека сме до грло “во облаците.”

Лекција од далечната историја

Земјата е, хронолошки гледано, ледена планета. Со истражувањето на ледените кори во поларните капи, влијанието на глечерите на пејзажите на планетата, настанувањето и исчезнувањето на видовите, Земјата била претежно прекриена со глечерите кои достигаа и до јужниот дел на Балканот, во нашата непосредна околина, а во текот на глацијацијата нивото на океаните и морето било многу пониско . Секој крај на глацијацијата донело топење на мразот и поплави на глобално ниво.

planeta ledeno dobaЗа време на геолошката историја планетата поминала низ три ледени доба во Предкамбриј, посебно во Протерозоик (пред 940-615 милиони години). По ова следеше леденото доба во Девон (400 милиони години), како и во горниот Карбон и Перм (295 милиони години).

Последното ледено доба се случило пред два милиони години, а завршило со мали флуктуации (осцилации) во одредени делови на планетата, пред околу 10.000 години.

Википедија вели дека последното ледено доба во областа на Алпите започнало пред 130.000 години, додека Северна Америка генерално имала постојани и долги периоди на ледено доба. Во областа на овој континет мразот бил со дебелина од околу еден километар, додека Јужна Америка била многу малку погодена. Всушност, во Аргентина глечерите беа распространети само до 40-тиот степен на јужна географска ширина. Само во Африка не се пронајдени докази за ледените периоди и глечери и затоа може да се смета како овој континент бил поштеден од глацијацијата во текот на својата геолошка историја.

Најновите истражувања покажуваат дека за време на последното ледено доба, мразот покривал 24 милиони квадратни километри од површината на Земјата, која е денес без мраз. За таа количина на мраз, океаните би требало да бидат пониски за најмалку 180 метри, што може да се види многу добро во примерот на Велика Британија, која за време на последното ледено доба била дел од Европа, а на делот кој е сега потопен живееле многу животни и луѓето.

Интересно е да се напомене дека Холандија за време на последното ледено доба била покриена со 600 метри мраз што, всушност е најдебелата ледена покривка во Европа. Остатоците од влијанието на глечерите може да се најдат на теренот во Крањ Словенија и Сорошкото поле, Љубљанска област и долината на Соча, додека во Хрватска влијанието на глечерите може да се забележи во Рујанска Коса и Красно поље на Велебит. Влијанието на последното ледено доба во БиХ може да се види на планините како Бјелашница, Височица и Вележ, а во Црна Гора на Дурмитор, додека во Македонија влијанието на глечерите е видлив на планината Шара, а во Србија на Копаоник и Стара и Сува планина.

Како и да е, нашата геолошка историја би требало да ни ја открие и можната иднина. Балканот наскоро повторно би можел да стане дел од замрзната тундра со областите на ладните степи и во некои области прошарани со шуми. Ако сѐ уште сте заинтересирани за ова прашање, зошто ние сме сигурни дека се соочуваме со глобалното затоплување, сметаме прашањето за профитот и глобалната контрола е исклучително важна.

Автор: Љубица Шаран

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1