Преживеа 4 дена под урнатините, жив закопан ја чекаше судбината


Во морето лоши вести за се поголемиот број на жртви од земјотресот и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавези, а кои според последниот, но не и конечен биланс се 1234, денеска се појави уште една светла точка: спасувачите во Палу извлекоа жив човек од под урнатините.

Како што пишуваат локалните медиуми, 38-годишниот Сапри Нусин е пронајден во свесна состојба под урнатините на деловна зграда.

>

Велат дека зборувал со спасувачите кои го префрлиле во болница. Моментално неговата здравствена состојба не е позната, но со оглед на страотното разорување и ужасната ситуација во која бил жив затрупан, човек само може да претпостави што се му поминувало низ глава.

Канцеларијата за коориднација на хумантарната помош на ОН проценува дека најмалку 191.000 луѓт итно мора да добијат помош. Меѓу нив се 46.000 деца и 14.000 постари лица.

Инаку, со оглед на тоа што во Индонезија е горештина, а климата е влажна, вчера почнаа погребите во масовна гробница за да се избегне зараза. Индонезиските власти стравуваат дека бројот на жртвите ќе расте и прогласија двонеделна вонредна состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1