Нема инвалидска пензија за 58 годишниот Јосе Крстев од Велес кој боледува од склероза, рак на носот, преживеал повеќе мозочни удари, а не му функционираат ниту екстремитетите.
Вака после контролениот преглед одлучила комисијата за инвалидски пензии. Пред две години со полесна дијагноза комисијата му додели времена пензија, а сега не ја продолжува иако состојбата му е уште повеќе влошена, вели неговата сопруга, пренесува Телма.
Крстеви едвај преживуваат со парите од пензијата која до сега ја земале, а најголемиот дел ги користат за лекови и кирија. Јосе е неспособен да работи, а Драгица добила отказ. Веста дека ќе останат и без егзистенција ги докрајчила по трагедијата од летово кога нивниот син загина во несреќа на градилиште во Црна гора.
Одлуката за укинување на пензијата Кретсеви веќе ја обжалиле на второстепена комисија. И покрај напорите да стигнат до министерот за здравство не успеале да му ја кажат нивната мака. Се наоѓаат во безизлезна ситуација и очекуваат дека државата ќе им помогне за да не останат без неопходните лекови и покрив над глава.
Видео на – Телма