Приборот за јадење може да влијае на нашата перцепција, каков е вкусот на храната што ја јадеме
Големината, тежината, обликот и бојата на приборот, исто така влијае на доживувањето на вкусот, велат експертите од универзитетот во Оксфорд. Сирењето делува посолено ако го јадеме со нож, наместо со вилушка, додека белите лажици го прават јогуртот повкусен, се заклучува во истражувањето.
Студијата сугерира дека мозокот донесува заклучоци за храната дури и пред да ја вкусиме. Повеќе од сто студенти учествуваа во трите експерименти со кои се истражуваше ефектот на тежината, бојата и формата на приборот за јадење врз вкусот на храната.
“Вкусот на храната е повеќесетилно искуство кое вклучува вкус, чувството на храна во устата, мирисот и изгледот”, велат професорите Charles Spencer и Vanessa Harrar. “Дури и пред да ја ставиме храната во устата, нашиот мозок веќе донесе заклучоци за неа, а кои влијаат на нашето вкупно искуство”, додадоа тие.
“Храната е многу повеќе од она што го гледаме во чинијата. Многу работи за кои мислевме дека не влијаат, всушност имаат влијание и влијанието што невронските мрежи ќе имаат повеќе работа”, заклучи професорот Спенс.