Прифатен приговор на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, можен втор круг


Државната изборна комисија рано утрово го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место број 1727 за општина Струмица.

Што се однесува до другите два приговора за гласачките места 1730 и 1734 расправата ќе продолжи.

kutii izboriСтанува збор за гласачките места кај „старата кожара“, во ООУ „Никола Вапцаров“ и во ООУ „Маршал Тито“ во градот Струмица за кои ВМРО-ДПМНЕ има поднесено приговори за неправилности во гласањето, и на 7-ми април може да има прегласување.

Вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата излегле да гласат 2.553 граѓани. Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, 1.034 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, 10 за Ристо Божијанов од СДПМ, 6 гласови за Панче Јаков од СДУ, а 67 биле неважечки.

Расправата продолжува во текот на денот, па доколку се прифатат сите три приговори, во Струмица ќе има втор круг на гласање за градоначалник на локалните избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1