Пријателите на загинатиот моторџија кај Д.Капија: Го молевме да преспие и да не вози сам


“Го молевме да преспие и да не вози сам до Кавадарци. Заедно бевме во саботата на забава во Струмица. Не успеавме да го убедиме да остане со нас.”kosta

Вака со многу тага сведочи за Дневник Ѓоре Абрашев од Велес, за последните мигови на 25-годишниот кавадарчанец Kоста Стојанов, кој загина на патот Демир Kапија-Неготино. Тој вечерта имал тешка сообраќајна несреќа, а неговите пријатели неколку часа го бараа преку социјалните мрежи. Тие постираа негова фотографија и бараа да им се помогне во потрагата по нивниот пријател, но, за жал, по неколку часа постираа информација дека моторџијата бил пронајден мртов.

Сите го молевме да не оди во тоа време, му дадов место во шатор и вреќичка, само да не си заминува во глува доба. Додава дека се двоумел, но одлучил да си оди, што било кобно за него.-вели тој за Дневник.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1