Сите велат дека мама умрела, но знам дека ќе се врати кога ќе се женам. Свадбата е многу важна работа! Залудната надеж си гајат овие две дечиња Јован и Педраг од Србија кои живееат во голема сиромаштија.
Браќата Јован и Предраг се на возраст од девет и шест години. И двајцата валкани, насмевката им ги осветлува валканите образчиња, едното со дупнати гумени чизмички, а другиот со искината патика.
Тие за екипата на АЛО.РС велат дека нивната мајка е жива и не веруваат во прикзните кои им ги кажуват дека таа е почината
– Сакаме веднаш да се сликаме и да идеме по мама, велат Предраг и Јован во еден глас.
Мајката им починала пред две години од рак на 25 годишна возраст. Нивниот татко Далибор едвај излегува на крај, нивниот дом само што не се распаднал. Живеат во една соба каде има два кревети.
Тој со солзи во очите го покажувал својот трошен дом и додал дека од креветите излегуват глувци и додека спијат поминуваат низ нив.