Приказни и портрети од унаказени девојки кои ќе ве остават без зборови


Кога 21-годишната Попи Рани Дас од Бангладеш се заљубила во својот сосед, нејзиното семејство било воодушевено, особено кога тој ја запросил. Но само после два месеца од свадбата, таа завршила во болница.

zrtvi55А зошто? Бидејќи нејзиниот сопруг Продип бил толку многу изнервиран што нејзиното семејство немало пари за мираз, па така ја искористил првата прилика за да ја наведе да испие киселина, набедувајќи ја дека тоа е вода. Всушност, Продип сакал да ја убие за да се ожени за друга жена. Попи, нажалост, не е единствената на која и се случило вакво нешто. Во болницата во Дака, благодарение на донации, отворен е посебен оддел за жртви од напади со киселини каде се лечат голем број на мажи, жени, но за жал и деца.

Најмногу напади со киселини се случуваат во Индија, Бангладеш, Пакистан, Камбоџа, Непал и Уганда, иако има и евидентирани случаеви и во Велика Британија. Причината за овие напади најчесто се кријат во рамките на бракот. Кен Херман, дански фотограф, направи серија од потресни фотографии со луѓе кои сепак успеале да ги преживеат ваквите напади, но секако со големи физички и психички последици.

зртви88Всушност, на Кен му било најтешко да ја фотографира Попи. Од нападот кој таа го преживеала, нејзината уста, дигестивен тракт, стомакот и градниот кош биле буквално изгорени, поради што за неа е ужасно болно искуство секогаш кога јаде. За Кен било шокантно да види всушност колку многу жртви има токму на вакви бесмислени напади.

Исто така, Ума Ајша Сидике Нила (22) претрпела огромни последици кога на само 15 години била нападната од својот сопруг. Мажот кој бил 20 години повозрасен од неа ја прелил со киселина по лицето и горниот дел од телото. Ума претрпела големи трауми, но после низа од повеќе години, таа започнала да студира и има големи планови за својата иднина.zrtvi77
Оваа серија на фотографии именувани како “Тие кои преживеаа” претставува всушност серија на фотографии од 18 луѓе од Бангладеш кои биле жртви на напади со киселини.

Според Кен, на ниту еден од овие луѓе не му е понудена соодветна помош, па токму затоа и со еден ваков проект тој сакал да го привлече вниманието на луѓето од светот за да сфатат колку е всушност сериозно она што се уште и во денешно време во некои земји се случува. Фондацијата која им помага на овие луѓе навистина чини многу, но Кен верува дека може да се помогне на уште подобар начин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1