Прилеп го празнува 11-ти Октомври со славење на хероите, забава и изложби


Со импресивен огномет, импровизиран напад и посета на историската поставка од НОБ изложена во Участакот, Прилеп градот херој и првоборец и годинава на големиот национален празник 11 – ти Октомври го започна чествувањето на празникот.
Градоначалникот Марјан Ристески во вчерашниот говор по повод празникот, посочи дека, народ без своја историја нема ниту своја иднина и токму затоа никој несмее да се осмели да го погази делото на предците кој го положиле својот живот за независноста на оваа земја. Општина Прилеп и тој како градоначалник, заедно со сите прилепчани, со нивните идеи ќе допринесат за брзиот развој на градот и во иднина.

Настанот беше збогатен со ликовна изложба, а на сцената на камената бина присутните имаа можност да уживаат во изведбата на солистите од детскиот хор „Мали анѓели“, прекрасниот концерт на етно групата Синтезис и настапот на ДЈ Мето.

Прилеп денеска ќе им оддаде почит на жртвите на фашизмот, на борците на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата. Делегации на борци, локалната самоуправа, политички партии и граѓани ќе положат свежо цвеќе и пред спомениците на Кузман Јосифоски – Питу и Методија Андонов Ченто.

Празникот ќе продолжи во текот на целиот ден со изложба на рачни изработки „Килимијада“ , „Car Show“ на кое пред публиката ќе бидат изложени над 300 возила од цела Македонија и фестивал на медот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1