Вкупно 139.846 граѓани или 9,16 отсто од оние кои имаат право на глас, до 10.45 часот го дале својот глас на денешните претседателски избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Гласањето, според Државната изборна комисија, се одвива во мирна атмосфера и се отворени сите 3.480 избирачки места.
– Според податоците од 2.891 гласачно место, најмала излезност до 10 часот и 45 минути имаат општините Арачиново во која излегле само 0,92 отсто од галасачите, во Сарај гласале само 1,58 отсто од гласачите, во Дебар 2,14 отсто, во Тетово 3,77 отсто, а за оптшина Чаир сè уште немаме информација. Најголема излезност има во општина Прилеп каде што процентот на излезност на гласачите е 15,43 отсто, Битола каде што излегле 13 отсто од гласачите и Штип каде што излегле 13,94 отсто од гласачите и Велес каде што излегле 14,59 отсто од гласачите – изјави портпаролката на ДИК, Билјана Јовановска.
Висок процент на излезност има и во Струмица каде што излегле 10,81 отсто од гласачите, потоа во скопските општини Центар со 10,08 отсто, Аеродром 10,47 отсто и Ѓорче Петров 10,59 отсто од гласачите.
Јовановска информира дека досега нема информации за излезноста во општина Чаир, а во Тетово излезноста е 3,77 проценти или 2.227 гласачи и Сарај 462 лица гласале односно 1.58 проценти.