Пасиониран играч на обложувалница од Прилеп доби рекоредна добивка од преку 500 илјади евра откако погоди 7 идентични ливчиња со вкупна уплата од околу 600 денари.
Среќникот вчера ги чекаше последните две средби Шахтјор – Рома и Севиља -Манчестер.
Неофицијално дознаваме дека денеска од Моцарт му е исплатена добивката што долго ќе се памети од Обложувачката нација Македонија…..
Неделниот весник “Зенит” објави видео од прославата на прилепчанецот Ване Лесновски, кој доби 500.000 евра на спортска прогноза.
Добивката Ване ја остварил преку 7 добитни тикети, на кои вложил вкупно 300 денари.
Иако претходно се зборуваше дека тој тие тикети ги заменил за 235.000 евра, самиот Ване пред камерата на “Зенит” вели дека освоил половина милион евра.
„Маркукуле“ стигна до добитниот тикет, а според тоа што го дознава порталот на него се погодени 23 парови, иако на тикетот се прикажани 20.
Ване тикетот го уплатил на 24.01.2018, а чекањето му се исплатело синоќа.
Секоја чест мајсторе! Да се трошат за добро!