Прими три куршуми за неа во масакрот во Тунис: Херојот кој ја спаси девојката сега се венча со неа


Сејфедин Резгуи, припадник на Исламската држава кој во јуни 2015 година во Тунис уби 38 лица, три пати пукаше и во Метју Џејмс, 32-годишен британец кој легнал врз својата вереничка за да и го спаси животот.

Иако тешко повреден, со обилно крварење, лекарите сепак успеаја да му го спасат животот.tunis-maskr-ljubov-640x425

Пред него беше долг и макотрпен пат до опоравување, но успеа, а приказната за младата двојка пред неколку дена доба и среќен епилог. Имено, Метју Џејмс и неговата вереничка Сара Вилсон (28) пред олтарот го кажаа судбоносното да и така ја крунисаа долгогодишната врска од која веќе имаат две деца.

-Ова е ново поглавје. Сите велат дека на денот на венчавката се венчаваш со најдобриот пријател. Но јас се омажив и за својот херој, вели Сара по венчавката.

Иако нивната приказна е среќна, со последиците од нападот се борат секој ден.par tunis masakr

Освен што Метју секојдневно трпи силни болки поради куршумите кои му го повредија градите, рамото, стомакот и ногата.

По нападот во Тунис за се секогаш говорам дека сум најсреќниот човек на светот. Животот е голема борба и трпам големи болки, рече Метју.

Сето тоа барем за кратко исчезна во моментот кога неговата вереничка тргна кон олтарот.

-Кога ја видов, очите ми се наполнија со солзи, но не можев да го тргнам погледот од неа, заклучи тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1