Принц имал сида, но одбивал да се лекува


Легендарниот американски музичар Принц почина на 21 април на 57-годишна возраст, под се уште непознати околности. Додека во јавност не излезар резултатите од обдукцијата, медиумите продолжуваат да шпекулираат за вистинската причина за неговата ненадејна смрт.prince

Во собата на музичарот пронајдени се многу силни лекови против болка со кои тој наводно се предозирал шест дена пред смртта.

Американските медиуми пренесуваат деа Принц боледувал од сида, и дека тоа го дознал шест месеци пред смртта. Музичарот наводно бил ХИВ-позиитвен од почетокот на 1990-тите година. Но, поради неговата вера, Принц бил Јеховин сведок, одбивал да се лекува бидејќи сметал дека може да се излекува со молитва.

„Бог може и сака да ме спаси“ – им велел на своите пријатели музичарот.

Поради болеста, Принц во последните месеци изгубил речиси 20 килограми, кожата му била жолта, не можел ништо да јаде и имал многу ниска телесна температура, откриле блиски извори на починатиот музичар и додале дека музичарот со месеци се подготвувал за својата смрт.

– Се чувствуваше многу лошо, болеста беше во поодминат стадиум. Лекарите му рекоа дека крвната слика му е многу лоша, и дека телесната температура му е пониска од вообичаеното. Немаше апетит, а во ретките случаи кога јадеше, обично веднаш повраќаше – раскажал изворот и додал дека во последно време музичарот бил многу слаб и често бил дезоринтиран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1