Принцот Хари се тестираше на ХИВ


Британскиот принц Хари посетил клиника во центарот на Лондон и пред камерите се тестирал ан ХИВ. Резултатот од тестот набрзо пристигнал и се покажал негативен. Хари тоа го направил за да ги поттикне младите да го направат истото.

– Ниту една болест не смее да биде табу во 21 век. Тестот кој трае неколку минути може да ви ја спаси главата и да ви го продолжи животот – изјавил принцот Хари (31).princ hari sida

За да поттикне што повеќе млади луѓе да се вклучат во борбата против ХИВ, принцот и самиот се тестирал пред телевизиските камери.

Хари основаше фондација за деца заболени од вирусот ХИВ во 2006 година откако ја посети африканската држава Лесото.

Иако резултатите пристигнаа брзо, лекарот кој принцот го подложил на тестот рекол дека Хари, сепак, бил нервозен.

– Ова само докажува дека овој тест е за секого, не е важно кој си, секогаш е добра идејата да се оди на тестирање – рекол стручњакот Роберт Палмер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1