На најновата снимка што се појави на Youtube, припадник на терористичката организација Исламска држава, ги повикува муслиманите да ги убиваат христијаните со поставување експлозив под нивните автомобили, во нивните куќи и на работните места.
Момчето се обраќа на босански јазик, а повикува на убиства од страна на муслимани во Сан Франциско и во Лас Вегас.
„Убивајте ги со снајпери и пригушувачи. Убивајте ги онака како што можете, о муслимани, па макар и со ноќ. Немојте да правите разлика меѓу војници и цивили, како што ни нивните авиони не прават разлика меѓу војниците и цивилите на ИС. Потпрете се на Алах, помогнете им на вашите браќа и немој да се сомневате во исправноста на вашите дела. Казнувајте ги онака како што тие вас ве казнуваа“, вели припадникот на ИС.
Наводно снимката е направена во Мосул