Природна катастрофа: Аралското море целосно пресуши (Видео)


Аралското море е лоцирано во централна Азија а се вбројуваше во 4-те најголеми природни езера во светот.

Тоа е едно од ретките езера кои имаат солена вода (токму поради тоа се нарекува Аралско море), а воедно од него се излеваа две реки кои ја наводнуваа цела источна Азија.nasa.si

Денес ова езеро го снема.

-Ова е прв пат источниот базен потполно да пресуши. Истовремено ова е и прв пат во последниве 600 години езерото да го снема, изјавил Филип Мицкилн, експерт во областа на Аралското море.

Научниците сметаат дека за време на 1950-те и 60-те се случило најголмото зло кое придонела ова езеро денес целосно да пресуши.nasa.aral-sea

Имено, за да се зголеми производството на памук, советските инжинери го пренасочиле текот на реките Аму Дарја и Сир Дарја. Како резултата на тоа, коритото на езерото се полнело со хемикалии, истовремено неговата соленост се зголемила со што го уништила целиот жив свет во него.

Сликите снимени од НАСА ја покажуваат страшната вистина за езерото, кое е најлошиот пример за влијанието на климатските промени кои во комбинација со „човековата рака“ постепено и засекогаш ја уништуваат природата.

nasa.1

Денес веќе не може ништо да се превземе за да се подобри и да се спаси споменот на она што беше Аралското море.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1