Приштина купува гласови во Интерпол со часовници, подароци и пари?


Скапи часовници, златен накит, неколку илјади долари на рака на странските надлежни, некои се од начините со кои Приштина се обидува да „купи“ глас за Интерпол.

Имено, Приштина сака членство во таа меѓународна организација, а прилика за тоа е Собранието на Интерпол што треба да се одржи на 20 ноември. Како што наведува „Политика“, за да обезбедат доаѓање на делегации ја држави кои не ја признале незаисноста на Косово, Албанците се подготвени да платат повеќедневен одмор во Дубаи.

Весникот, сепак, проценува дека покрај лобирањето од косовските институции, речиси е изведно дека некои меѓу овие делегати кои ќе добијат пари или скапи подароци, при тоа гласање, ќе и дадат поддршка на Србија.

Маркетиншкиот струќњак Небојша Крстиќ за „Политика“ вели дека не е тајна оти Албанците од Косово, даваат огромни пари за лобирање потсетувајќи дека за тоа се пишуваше особено во примерот на Марти Ахтисари, кој наводно на таков начин многу заработил.

„Значи, тие плаќаат за остварување на своите цели. Од друга страна, ние и срамежливите обиди на нашата држава да изнајми лоби агенција во Америка во домашната јавност ги дочекувавме на нож“, вели Крстиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1