Приштина повредени 17 полицајци, ќе се апсат пратеници


Во протестите во Приштина во вторникот, на кои им претходеа нови инциденти во косовскиот парламент, повредени се 17 полицајци, од кои двајца потешко, а основниот суд во Приштина издаде налог за апсење на четворица пратеници од опозицијата.pristina32

По инцидентот во собранието на Косово во кој по третпат беше фрлен солзавец и употребен пепер-спреј, приштинскиот основен суд издал налог за апсење на опозицискиот пратеник и челник на движењето Самоопределување, Албин Курти, како и за неговите двајца парламентарни колеги Албиулен Хаџиу, Фатон Топали и Доника Каба-Бујупи од Алијансата за иднина на Косово, поради користење на солзавец на пленарната седница.

По инцидентот во парламентот, пред зградата се судрија демонстрантите и полицијата врз којашто беа фрлани камења и црена боја. Во безредијата се оштетени 12 полициски и цивилни возила, а направена е голема материјална штета на зградата на косовскиот парламент.

Инцидентите започнаа кога во собраниската сала опозициските пратеници повторно ја опструираа седницата употребувајќи солзавец и пепер-спреј, во моментот кога на дневен ред беше нацрт буџетот за 2016 година.

Опозициските пратеници ја опколија парламентарната говорница во моментот кога претседателот на парламентот Кадри Весели ја отвори седницата, а во салата влегоа десетина припадници на собраниското обезбедување коишто поранешниот челник на движењето Самоопределување, Албин Курти ги испрска со спреј, а пота ги испрска и некои од министрите во косовската влада.

Истовремено, други опозициски пратеници фрлија солзавец во собраниската сала, по што седницата беше прекината и свикан состанок на челниците на пратеничките групи. По повторениот инцидент со солзавец, седницата треба да се одржи во друга сала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1