Пристигнаа поливалентните вакцини во Македонија – Примената почнува од август


Од август ќе започне примената на шествалентните вакцини кои веќе пристигнаа во Македонија, а од септември се очекува да почнат да се користат и петовалентните вакцини, најави премиерот Никола Груевски.

– Веќе вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Околу 1 август ќе започне нивното користење, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“.vakcinacija-500

Што се однесува до петвалентните вакцини, Груевски соопшти дека тие треба да пристигнат до почетокот на август и оти веднаш по нивното пристигнување ќе почне дистрибуцијата.

– Исто така ќе бидат потребни две до три недели да се дистрибуираат и нивното користење ќе започне од 1 септември. Со ова исполнуваме уште едно наше ветување дадено во програмата и пред македонските граѓани, истакна Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1