Пристигнува најстудената зима во последните 100 години!


Наредната зима ќе биде најладна во изминатите 100 години, а ќе зафати голем дел од стариот континент, најавуваат британските метеоролози.

Огромни количини на снег упорно ќе ја затрупуваат Европа, попратени со многу ниски температури. Според проценките на британските метеоролози, арктичка зима ќе “беснее” на континентот пет месеци.

sibir selo najladno1
Тие најавуваат дека првиот бран на студ можеме да го очекуваме уште во ноември.

За јануари се предвидуваат рекордно ниски температури од минус 27 степени Целзиусови, и тоа на поголемиот дел од континентот, вклучувајќи го и пределот во кој се наоѓа Македонија.

Ненадејниот студ со себе ќе донесе и снег кој на планините ќе се формира во снежна покривка.

Пониските предели за белите снегулки ќе почекаат до втората половина на ноември, велат метеоролозите кои се согласуваат со британските колеги и прогнозираат дека престојната зима ќе биде екстремно студена и со повеќе снег отколку минатата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1