Денеска пристигнува нова количина на вакцините „Фајзер“, а до крајот на неделата, се очекуваат 500.000-те вакцини од „Синовак“. Според најавите на министерот Филипче, со половина милион вакцини од „Синовак“ ќе се вакцинираат околу 450.000 граѓани, пријавени на веб-платформата vakcinacija.mk. Во државата се аплицирани околу 450.000 дози, а ревакцинирани над 180.000 граѓани.
Според податоците на Министерството за здравство, една доза вакцина имаат примено 48 отсто од граѓаните над 70 години, 42 проценти од оние над 65 години и 35 отсто од населението над 60-годишна возраст.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција.