Присуството на бремени жени на јавни места е неморално, смета турски адвокат


wants-to-get-pregnant

Турскиот адвокат и суфист Јомер Тугрул Инанчер ја шокира турската јавност со изјавата дадена за турската државна телевизија ТРТ 1, дека е неморално бремените жени со големи стомаци да се појавуваат на јавни места, посочува весникот „Хуриет дејли њуз“.

– Нападното покажување на бременоста е во спротивност со нашата култура, изјави адвокатот.

Тој истакна дека бремените жени не треба да се шетаат по улиците со толкави стомаци, првенствено затоа што тоа „не е природно“.

Според  Инанчер, по седмиот или осмиот месец од бременоста идните мајки треба да бидат изведуваат надвор на чист воздух само навечер и тоа само од нивните сопрузи.

– Сега тие се појавуваат на телевизија. Тоа е срамно, тоа е нереално, тоа е неморално однесување, истакнал Инанчер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1